НАСТАВЕН ПРОЦЕС

Обуките се одвиваат со физичко присуство

КАКО РАБОТИМЕ ВО MEERKAT

Работиме во
мали групи

Групите се формираат според возраста и покажаното пред знаење во одредена програма. Програмите се делат на 4 обуки и секоја обука се одвива во 2 семестра (летен и зимен). 

Секој од семестрите има по 3 месеци активно изучување на обуките во кој се вклучени редовни тестирање на стекнатото знаење и практична настава. 

Секој студент има можности да работи на свој компјутер во просториите на Мееркат, или пак да користи од понудените компјутери кои ние ги имаме обезбедено за секој млад ученик.

ТЕРМИНИ И ПЛАЌАЊЕ

Распоредот се дефинира според групата

Вкупниот фонд на часови за една обука изнесува 48 часа, поделена неделно по 2 часа, односно двапати неделно по 1 школски час. 

Времето на одржување на обуката е согласно групата со можност во претпладневните или попладневните часови. 

Редовна цена на обуката е 3500 ден/месечно за следење на комплетната обука во времетраење од 6 месеци.

Плаќањето се врши на трансакциона сметка.