Студент по графички дизајн: Лабина Димитрова (Мееркат Едукација)
февруари 16, 2024- Како дозна за Курсот по графички дизајн во Мееркат?
Подолг период размислував за запишување на курс за дигитален маркетинг или графички дизајн и ги разгледував сите достапни опции во тоа време. За среќа, добив информација од блиска пријателка за новоотворен центар за едукација на дигитални вештини во мојот град, па тоа беше и причина без размислување да се одлучам за Мееркат графички дизајн .
- Што те привлече, какви услови нуди, а што сметаш дека се полезни?
Мееркат ги надмина сите мои очекувања и од аспект на стекнато знаење, запознавање на нови луѓе и споделување мислења и искуства кои секако на крај резултираа со пријателства . Од голема полза за сите беше организацијата на часовите, времето и достапноста. Сметам дека добрата енергија може да се примети уште на сам почеток, што беше случај со нашиот ментор Јован од кого многу научивме.
- Можеш ли да издвоиш три совети кои ги доби на Курсот а кои ти биле важни?
Теоретскиот дел што го учевме беше многу добра основа за да можеме на крај да тестираме реален проект. Фокусирањето на теорија е од голема полза за да се дојде до успешно завршен практичен дел. Светот се повеќе се движи кон дигитализација па така да секој совет, се што научивме на самиот курс е голема придобивка за сите нас кои ги посетувавме часовите.
- Како тие совети ти помогнаа за работните задачи на твоето работно место?
Имав среќа моето работна позиција да е на некој начин поврзана со графички дизајн. Секој работен ден е исполнет со обврски и предизвици кои успешно ги совладувам, благодарение на стекнатото знаење од Мееркат. Работам во маркетинг, па така и самиот курс и се што научив таму ми се од голема помош при работа со споделување креативни содржини онлајн, реклами и слично.
- Кои Алатки/Програми ги користиш најмногу сега?
Photoshop e секако број 1 на листата. Како помошни програми се Illustrator I Adobe Express. Најинтересен, но и најпредизвикувачки ми беше делот со фотоманипулација.
- Сметаш ли дека графичкиот дизајнер е перспективна работна позиција?
Професијата графички дизајнер е динамична и полна со новости, но секој што е креативен и стреми кон напорната работа може да ги надмине сите предизвици и да биде успешен во тоа.
- Колку се разликува теоретската/практичната наставен час во Мееркат и реалното работење во бизни секторот?
Сметам дека многу труд, работа и посветеност во комбинација со основата која ја дава Мееркат , се доволни за идеален почеток на кариера.
- Зошто тие што се двоумат треба да го изберат Мееркат?
Топла препорака за сите кои што размислуваат за запишување на ваков курс! Мееркат е вистинскиот избор за сите кои се љубопитни личности со креативно размислување и се спремни за работа која никогаш нема да биде монотона, исполнета со многу предизвици и забавни моменти!
- Совет за учениците од идната сезона ?
Ги охрабрувам да го превземат чекорот и да почнат со запознавање на се што нуди Мееркат и секако за да успеат во она што сакаат и да си ги исполнат своите цели, би им препорачала да се трудат многу за да го постигнат максимумот, бидејќи само така нема никакви граници.