![](https://meerkat.mk/wp-content/uploads/2024/02/labina_dimitrova_graficki_dizajn_meerkat-1-150x150.jpg)
Студент по графички дизајн: Лабина Димитрова (Мееркат Едукација)
февруари 16, 2024Успешен Отворен Ден во Просториите на Мееркат Едукација
Нашиот прв „Отворен Ден“ се одржа на 23-ти Сабота и беше вистински успех и незаборавно искуство. Бевме посетени од многу гости од сите возрасти и сите позитивно изненадени од нашата гостопримливост и образовен програм кој го нудиме ни укажаа дека вакво нешто прв пат се случувало во Штип.
Најзначајниот дел од денот беше забавата. Младите и возрасните гости се ангажираа во интересни активности и игри, каде што преку интерактивни содржини учеа нови ИТ вештини. Сите беа воодушевени од можноста да ги развиваат своите вештини, а и да креираат специфични игри и задачи.
Освен забавата, гостите имаа можност да се запознаат со нашите образовни програми. Многумина се интересираа за начинот на едукација во Мееркат Едукација и се запознаа со предностите на нашите обуки и курсеви.
Истовремено бевме посетени и поддржани од разни компании кои ја споделуваат нашата визија за едукација. Тие не само што ни предложија различни начини за соработка, туку и ни дадоа позитивни препораки и впечатоци.
Во целост, Отворениот Ден на Мееркат Едукација беше еден неверојатен ден на забава и едукација. Ги запознавме гостите со нашите обуки од разни возрасти и сфери на интереси, и сите беа воодушевени од она што го најдоа во нашите простории. Сигурни сме дека ова е само почетокот на уште многу успешни и инспирирачки настани во иднина.
Сите гости од најмала возраст до најстара имаа можност да нацртат свое дело на нашата дигитална табла со што засекогаш ќе остават белег на првиот Отворен ден, а сето тоа на крајот на денот изгледаше вака.
![](https://meerkat.mk/wp-content/uploads/2023/09/MEERKAT-OPEN-DAY-scaled.jpg)