Како помина првиот ОТВОРЕН ДЕН во просториите на Мееркат
септември 28, 2023Алумни студент по графички дизајн: Данира Џејмен
август 20, 20241. Како би го опишала твоето досегашно искуство во графичкиот дизајн во Мееркат, особено кога започнавте со основниот курс? Што те поттикна да се заинтересираш за оваа област?
Пред да се вклучам во курсот немав искуство со графичкиот дизајн, а со започнувањето се јави интерес кај мене за продлабочување на знаењата и вештините во оваа област. Мојата голема љубов кон сите видови уметност, особено ликовната уметност, односно изразувањето преку цртеж, слика, дизајн. И секако можноста да се надградам како личност и стекнам нови знаења и вештини.
2. Кои софтверски алатки ги научи во првите семестар од курсот за графички дизајн и како ги користиш во твојот процес на креирање?
Во изминатите два месеци ги научив основите на Adobe Photoshop (алатките: Lasso, Brush, Eraser, Gradient, Rectangle, Quick Selection, Type Tool), постепено почнувам со нивно практично употребување во дизајни.
3. Како обично доаѓаш до идеа за твојот дизајн? Можете ли да споделиш пример на задача каде што си се двоумеле помеѓу повеќе идеи пред да се решиш за конечниот дизајн?
Инспирацијата за креирање дизајн ја поврзувам со содржината, темата на која треба да работам. На одлуката може да ми влијае расположението, знаењата што ги имам кон темата или инспирацијата од она што ме опкружува или го имам видено. Често имам повеќе идеи кои можеби ме двоумат, па ги вклопувам во една.
4. Во основниот графички дизајн, веројатно сте ја опфатиле теоријата на бои. Дали можеш да објасниш како избираш бои за дизајн и како бојата влијае на севкупната визуелна привлечност и комуникација на проектот?
Затоа што јас сум и дел од Ликовно Ателје, сликам и цртам со различни техники за мене боите не претставуваат голем проблем. Боите за дизајн ги бирам врз основа на содржината на која работам, внимавам добро да се вклопуваат, да има контраст бидејќи се први највпечатливи што го привлекуваат вниманието.
5. За кои аспекти на графичкиот дизајн си најмногу страстна и како планираш да продолжиш да ги развиваш своите вештини надвор од основниот курс за дизајн? Дали има специфични области во графичкиот дизајн што си желна да ги истражиш понатаму?
Најмногу ми се допага креативниот пристап, односно личниот израз при креирањето постер, реклама.
6. Што најмногу би потенцирала во Мееркат ?
Пристапот кој го нуди Мееркат е комплетно ново искуство верувам за сите млади. Обучувачите се посветуваат на секој од нас посебно и го пренесуваат своето знаење преку практични вежби и искуства кои ги поседуваат работејќи низ годините. Секогаш се достапни и ни даваат насоки во решавања на нашите задачи дури и надвор од часовите што ни влева дополнителна мотивација во остварување на нашите желби.